Дачиќ: Не може додека се апсат Срби, да се зборува за нов договор

Од:

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека елиминирањето на причините за последните настани на Косово може да доведе до деескалација на ситуацијата, јави дописникот на МИА од Белград.

Дачиќ, по средбата со министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, истакна дека е јасно што бараат Србите на Косово и кој е условот да се дојде до решение на проблемот, а тоа е да се престане со едностраните потези, за да се продолжи со сериозен дијалог, уапсените Срби да бидат ослободени, да нема тајни списоци за апсење.

Дачиќ истакна дека Србите не сакаат да има инциденти, туку да бидат дел од мирното решение.

– Не можете, додека апсите Срби и додека одбивате да го спроведете договорот, да зборувате за нов договор, изјави Дачиќ за новинарите во МНР.

Тој рече дека премиерот на Косово, Албин Курти, во моментов е најголемата закана за мирот и стабилноста, бидејќи предизвикува индивидуални инциденти.

Одговарајќи на прашањето што ќе се случува понатаму, имајќи предвид дека Курти изјави дека отстранувањето на барикадите не може да помине без жртви, Дачиќ рече дека сите настани на Косово се резултат на непочитување на Бриселскиот договор.

– Ова е причината за сето она што се случува, вклучително и за барикадите, кои не се поставени за да го нарушат сообраќајот, туку се дел од политички протест поради неисполнувањето и прекршувањето на тој договор, кажа Дачиќ.

Тој потсети дека на Србите на Косово не им било дозволено да гласаат на референдумот и на изборите (во Р. Србија), а косовската полиција била испратена на северот на Косово, што е спротивно на Бриселскиот договор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина