Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Белорусија каде ќе се сретне со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.
Руската јавна телевизија го прикажа Путин како излегува од авионот и беше срдечно пречекан од Лукашенко. Рускиот лидер последен пат ја посети Белорусија во јуни 2019 година.
Разговорите ќе започнат во широк формат каде ќе учествуваат шефови на држави и членови на владите на двете земји. Претседателите потоа ќе ги продолжат разговорите во потесен формат во кој ќе учествуваат и министрите за одбрана, по што е закажана прес-конференција.
„Лукашенко лично се сретна со Путин на аеродромот во Минск. Путин ја посети Белорусија за прв пат од јуни 2019 година. Најверојатно, Путин пристигна да го убеди Лукашенко директно да се вклучи во војната“, објави Антон Герашченко, советник на Министерот за внатрешни работи.
Lukashenko personally meets Putin at the airport in Minsk.
Putin visited Belarus for the first time since June 2019.
Presumably, he arrived to persuade Lukashenko about direct involvement in the war pic.twitter.com/jSW6EN8vIz
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 19, 2022
Агендата на разговорите вклучува цела низа билатерални односи, вклучувајќи трговска и економска соработка и спроведување на сојузничките програми.
Според Лукашенко, разговорот ќе биде фокусиран на воено-политичката ситуација во двете земји, прашања од воено-индустрискиот комплекс, безбедносните и одбранбените капацитети, а планирано е да се разговара и за гасот. Дополнително, ќе се разговара за актуелни меѓународни и регионални теми.