Двајца мажи со албанско потекло се убиени во пукање во кафуле во Атина. Според грчкиот весник Катимерини, нападот е поврзан со расчистување сметки во шверцот на дрога.
Безбедносните камери го снимија моментот кога маж отвори оган во кафуле на плоштадот Неа Смирни во Атина во неделата вечерта, а во овој напад еден маж беше убиен, додека друг маж и една жена се пренесени во болница со повреди.
Νέα Σμύρνη πριν. Μέσα σε κόσμο. Πάμε πολύ πολύ καλά #νεασμυρνη pic.twitter.com/NOWRMfC1wD
— island (@islandlayer13) December 18, 2022
Според грчкиот весник Катимерини, нападот е поврзан со расчистување сметки за шверц на дрога.
Малку подоцна на повредите им подлегнал и вториот маж, а жената која седела на соседната маса и била погодена во нападот е во стабилна состојба, пишува грчкиот портал.
Според полициски извори, нешто по 21.30 часот напаѓачот, кој носел хируршка маска, ненадејно се појавил пред кафулето и почнал да пука кон посетителите. Веднаш потоа побегнал. На местото на настанот пристигнале силни полициски сили, а поширокото подрачје е блокирано.
Според информациите, двајцата убиени се на возраст од 44 и 42 години.