Разрешен свештеник кој е против абортусот и е поддржувач на Трамп

Од:

Американскиот католички свештеник, отец Френк Павоне, лидер на американското движење против абортусот и силен поддржувач на поранешниот претседател Доналд Трамп, е разрешен од функцијата поради „бласфемични објави“ на социјалните мрежи и непослушност.

Во писмото испратено до американските бискупи од претставникот на Светата столица во Вашингтон, се наведува дека Ватикан го разрешил Павоне во ноември, а во него било наведено, меѓудругото, дека Павоне нема право на жалба на одлуката за резрешување.

Во писмото се наведува дека Павоне бил отстранет поради „бласфемичната комуникација на социјалните мрежи“ и неговата упорна непослушност кон упатствата и наредбите на верските старешини.

За време на претседателската кампања во 2016 година, Павоне објави видео од абортиран фетус на олтар и ги повика католиците да не гласаат за демократската кандидатка Хилари Клинтон, која подоцна загуби од Трамп.

Би можело да ве интересира

Ватикан повторно се нуди да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина

А1он

Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

ВИДЕО: Изненадување од Ватикан, објавена снимка од новиот папа веднаш по изборот

Катерина Ѓуровски

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

Се појави бел чад, избран е новиот папа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Црн чад, не е избран папа

Катерина Ѓуровски