Од денеска не важи мерката за условен увоз на пченица

Од:

Заштитната мерка за условен увоз на пченица од денеска престанува да важи. Владата одлучи да ја укине откако оцени дека пазарот е стабилизиран и оти се надминати сите предизвици кои може да предизвикаат евентуални нарушувања.

Наскоро, до кројот на првата половина од месецов, се очекува да биде укината и мерката за условен увоз на брашно зашто и во овој сегмент пазарот е стабилизиран.

Мерката беше воведена на 1 јули годинава за да се заштити домашното производство и требаше да важи до 31 декември доколку претходно не се создадат услови за нејзино укинување.  Предвидуваше за килограм увезена пченица да се откупат три килограми домашно жито, а за килограм увезено брашно четири килограми домашна пченица.

По воведувањето на мерката реагираше Србија која во Македонија годишно извезува околу 50.000 тони пченица и до 40.000 тони брашно.

Би можело да ве интересира

Како помош за африканските земји, Русија испорача 200.000 тони пченица

Близу Вуковар: Двајца крадци украле дури 35 тони пченица

Ѓорѓиевски: Да им се помогне на земјоделците за пченицата, производната цена е двојно повисока од пазарната

Николовски: Во вторник Владата ќе расправа за постапката за набавка на пченица за стоковите резерви

МЗШВ: Владата ги прифати новите мерки за поддршка на пченица, јачмен и ориз

Домашната пченица е 19 денари, а државата увезува по цена од 28 денари за стокови резерви, обвинуваат фармерите

A1on