Бугарската парламентарна делегација, предводена од претседавачот на 48. Народно собрание, Вежди Рашидов, пристигна во посета на Анкара, јави дописникот на МИА од Софија.
Рашидов е во Турција на покана на претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп. Тој ќе оствари приватна средба со претседателот на Националното собрание на Турција, Мустафа Шентоп. Во вторник делегацијата ќе замине за Истанбул, каде ќе го посети Домот на Бугарската егзархија. Таму ќе има средба со нејзиниот претседавач Васил Љазе и членовите на црковниот одбор. Вежди Рашидов ќе биде примен и од вселенскиот патријарх Вартоломеј Први со кого ќе разговара за односите меѓу двете цркви и верските процеси и меѓурелигискиот дијалог на Балканот.
Посетата на Турција е прва официјална посета на Вежди Рашидов како претседател на бугарскиот парламент по изборот на оваа функција. Во исто време во посета на Турција е и бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Дерменџиев, кој во Истанбул разговара со својот турски домаќин Сулејман Сојлу. Како што додава дописникот на МИА од Софија, двајцата пред еден месец разговарале за инцидентот на нивната заедничка граница, во кој на турска страна загина бугарски граничен полицаец додека го проверувал пробивот на граничната ограда.
Извор: МИА