Францускиот парламент го усвои државниот буџет за 2023 година, откако го отфрли предлогот на левицата законот да не биде усвоен.
Коалицијата на левичарски партии во својот предлог наведе дека буџетот е лош и не ги задоволува социјалните и еколошките потреби.
Предлогот на левицата доби 101 глас, а за усвојување е неопходно апсолутно мнозинство од 288 гласа.
Владата поради несогласувања прибегна кон употреба на член од Уставот според кој може да го заобиколи парламентот за донесување закон. Владата за два месеци десет пати го активираше членот 49 став 3 од Уставот за да се носат закони без гласање.
Десницата од своја страна најави дека ќе поднесе жалба до Уставниот совет бидејќи смета дека законот е „нечесен“.
Меѓу главните мерки на буџетот се ограничувањето на растот на цените на енергенсите до 15 проценти и зголемувањето на платите на просветните работници.
Извор: МИА