Шокиран сум од одлуката на апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“, вели претседателот на државата, Стево Пендаровски, откако апелациските судии потпишаа одлука за укинување на пресудата за масовното прислушкување, а со тоа и застарување на делата за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ексначалникот на Петтата управа на МВР Горан Грујевски и за Никола Бошкоски.
„Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата“, додаде Пендаровски.