Курти: Косово ќе поднесе барање за членство во НАТО

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека по аплицирањето за членство во Советот на Европа и ЕУ ќе го направи следниот чекор и ќе поднесе барање за членство во НАТО.

Курти изјави дека „апликацијата за членство во НАТО ќе биде полесна, бидејќи има само четири земји кои не го признаваат Косово, за разлика од ЕУ каде што има пет земји“.

„По поднесувањето на барањето во Советот на Европа и по аплицирањето за членство во ЕУ, ќе го направиме следниот чекор во однос на НАТО, каде што можеби ќе бидеме во предност, бидејќи во Алијансата имаме четири земји кои не го признаваат тоа за разлика од Европската унија каде што имаме пет“, рече Курти.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски