Само една победа и пет нерешени резултати е епилогот од натпреварите од 6.коло од Првата фудбналска лига.
На дербито на стадионот „Железарница“ Металург и Вардар одиграа 2:2. Шампионот Вардар имаше водство од 2:1 до 88.минута, кога Миле Крстев со прецизно изведен слободен удар изедначи на 2:2. Металург остана непоразен, но има пет нерешени резултатит на шест натпревари.
Првата победа во шампионатот ја постигна и Шкендија, која со 3:2 го совлада Напредок. Ова беше и единствената победа во колото.
На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Брегалница – Македонија ЃП 0:0, Гостивар – Пелистер 1:1, Хоризонт Турново – Еуромилк 1:1 и Работнички – Ренова 0:0 (вчера).
Табела: Хоризонт Турново 11 бодови, Брегалница 11, Вардар 9, Ренова 9, Пелистер 9, Металург 8 Работнички 7, Шкендија 7, Еуромилк 6, Напредок 5, Гостивар 5, Македонија ЃП 4.