Дојави за бомби и во училишта во Куманово

Од:

Покрај скопските училишта, денеска закани за бомби на електронски адреси добиле и школи во Куманово. Учениците се евакуирани, а полицијата прави проверки.

„Утрово во СВР Скопје и СВР Куманово било пријавено дека на електронските адреси на училишта во Скопје и Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.

Dојави за бомби пристигнале во девет основни и едно средно училиште на територија на Општина Куманово информираше градоначалникот Максим Димитревски.

Станува збор за основните општински улилишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Дерада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и средното општинско улилиште „Гоце Делчев“.

Дојава за бомби вчера имаше во 15 школи во Скопје, а пред три дена како и на почетокот на месецот дојави добија и училишта во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски