Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар порача дека барикадите на северот на Косово треба да се отстранат, но на мирен начин.
Како што рече, треба да ги отстранат тие што ги поставиле. Тој се противи на доаѓањето на српската војска на северот на Косово бидејќи е против, како што вели, милитаризација на проблемот.
Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар денеска имаше средби со српското раководство, а ден претходно беше во Приштина.