ИРЦ: Климатските промени во 2023 година ќе поттикнат хуманитарни кризи

Од:

Климатските промени, заедно со проблемите предизвикани од вооружените конфликти и економскиот пад, во 2023 година ќе ги забрзаат хуманитарните кризи ширум светот, се наведува во студијата на невладината организација Меѓународен комитет за спас (International Rescue Committee).

Агенцијата со седиште во Њујорк, предводена од поранешниот британски политичар Дејвид Милибанд, посочи дека изминатата деценија нагло се зголемил бројот на луѓе со хуманитарни потреби, приближувајќи се до 339,2 милиони во споредба со 81 милион во 2014 година.

Според ИРЦ, климатските промени се меѓу клучните фактори кои ги забрзуваат хуманитарните вонредни состојби и покрај фактот што 20-те земји на нејзината листа за итни случаи, како Хаити и Авганистан, придонесуваат со само два проценти од глобалните емисии на јаглерод диоксид.

Во извештајот на ИРЦ се посочува дека „2022 година покажа дека е непобитна улогата на климатските промени во забрзувањето на глобалната хуманитарна криза“.

Студијата укажува на рекордни долги периоди на дожд, кои „донесоа катастрофална несигурност за храна во Сомалија и во Етиопија“ и убија илјадници луѓе во Пакистан.

ИРЦ ја потенцира потребата од повеќе „проактивни инвестиции во превенција и ублажување на климатските промени“.

Во меѓувреме, несигурноста во снабдувањето со храна е веќе широко распространета поради растечките конфликти, како и економската криза предизвикана од руската инвазија на Украина и пандемијата со коронавирус, се посочува во извештајот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поради климатските промени тајфуните стануваат се поразурнувачки

Катерина Ѓуровски

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Земјава една од петте најзагрозени од климатските промени, екологистите бараат „Климатска акција сега“

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

Шокантна снимка: Камионџија полуде, почна да тепа и да гази активисти на пат

Предраг Петровиќ