САД и испраќаат на Украина едно од најмоќните оружја во светот, Русија сериозно се заканува

Од:

Украинските сили соборија 13 руски беспилотни летала над Киев, кои оштетија две административни згради, но не и клучна инфраструктура, рекоа властите, додека Вашингтон размислува да и испрати на Украина напреден систем за воздушна одбрана Патриот. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека биле соборени беспилотни летала Шахид од иранско производство, а експлозиите се случиле во централниот округ Шевченковски.

Серхиј Попко, шеф на градската воена управа на Киев, изјави дека се уништени 13 дронови. Руски беспилотни летала истрелани во Киев и регионот околу главниот град не ја оштетиле енергетската инфраструктура, објави украинскиот оператор Укренерго. „Благодарение на големата акција на противвоздушната одбрана, енергетската инфраструктура не беше оштетена – беа соборени сите 13 дронови“, напиша Укренерго на Телеграм.

Од октомври, Русија редовно ја таргетира енергетската инфраструктура во Украина, оставајќи милиони луѓе во темнина и без греење. Еден напад во станбена област се чини дека пробил дел од покривот на зграда со ѕидови од тули, изјави сведок на Ројтерс. Не е јасно за што била користена зградата. Нема повредени.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев го предупреди НАТО да не испраќа системи за протвизовдушна одбрана Патриот во Украина, бидејќи Москва најверојатно тоа ќе го сфати како ескалација.

Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека во последните 24 часа во регионите Харков, Донецк и Запорожје, „непријателот извршил еден воздушен и 11 ракетни напади, од кои три погодиле цивилна инфраструктура и започнале повеќе од 60 напади“.

Патриотот би бил „многу, многу важен“ за владата во Киев, рече Александар Виндман, пензиониран армиски потполковник и поранешен директор за европски прашања во Советот за национална безбедност на САД (НСЦ). „Тие ќе бидат сосема способни да се справат со многу различни предизвици со кои се соочуваат Украинците, особено ако Русите воведат балистички ракети со краток дострел“ од Иран.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте