Три лица загинаа по инцидент со мал брод во Ла Манш, а 43 се спасени, изјавија владини извори за британската новинска агенција ПА, пренесува ДПА.
Кралската морнарица, француската морнарица, крајбрежната стража беа вклучени во големата операција.
Бродот најверојатно превезувал илегални мигранти кои преминувале од Франција, еден ден откако британскиот премиер Риши Сунак го претстави пакетот нови мерки за „запирање на чамците“.
Повеќе од 44.000 луѓе го поминале опасниот премин оваа година, покажуваат бројките на британската влада.
Извор: МИА