(ВИДЕО) Вучиќ ја праша меѓународната заедница: Кој од шесте документи сакате да го почитуваме?

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека Србија го поседува шестиот документ од 2003 година, во кој се вели дека резолуцијата 1244 ќе биде целосно имплементирана.

Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил уште еднаш побара од меѓународната заедница да избере кој документ да го почитува.

„Почитувани граѓани на Србија, веќе знаете дека ги замолив нашите западни партнери да ми кажат кој од петте важни документи сакаат да го почитуваме: Кумановскиот договор, Повелбата на ОН, Резолуцијата 1244, Бриселскиот или Вашингтонскиот договор. Дојдовме до шестиот, многу важен документ на ЕУ, од 2003 година, познатиот Солунски документ за проширување на ЕУ кон Западен Балкан“, изјави Вучиќ и додаде:

„И токму во светло на поднесувањето на апликацијата за членство во ЕУ, т.н Косово, моето прашање е: Дали ќе ги почитуваат документите што сами ги донеле, па дури и историските од Солун, бидејќи точка 5 од солунскиот документ вели дека целосно ја поддржува имплементацијата на резолуцијата 1244, па моето прашање од денес е: Кој од овие шест документи сакате да ги почитувате и ние апсолутно ќе се согласиме“, праша Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Хаос во Србија: Tепачки поради сомневање за кол центри на СНС

A1on

Се затворија избирачките места во Србија, првични резултати после 21 часот

A1on

(ФОТО) Невеста и младоженец од свадба дојдоа да гласаат на изборите во Србија

A1on

Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана

ВИДЕО: Страотен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден мртов над 30 повредени

Катерина Ѓуровски

Вучиќ во ОН: Вистината не е еднострана, резолуцијата ќе стави белег на челата на жртвите

Горан Наумовски