(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

Од:

Пред неколку дена трупите на овие две нуклеарни азиски сили се судрија на границата меѓу Кина и Индија кај Хималаите, што е прв ваков инцидент по речиси две години мир. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, објави дека ситуацијата на индиско-кинеската граница е „генерално стабилна“, но азиската јавност стравува дека во одреден момент конфликтот сепак би можел да ескалира.


Индиската страна исто така потврди дека нејзините сили се судриле со кинеските војници во спорната област долж границата.

Индија потврди дека нејзините сили се судриле со кинеските војници во спорна област долж границата, што е прв ваков инцидент по повеќе од една година, според британска агенција.

Што се случи?

Индиските војници, наводно, спречиле кинески војници да влезат на индиска територија во секторот Таванг во Аруначал Прадеш на 9 декември за време на граничниот судир што резултираше со повредени од двете страни.

Западните медиуми јавуваат дека по конфликтот двете страни се повлекле од спорната област.

Тензиите траат повеќе од шест децении

Инаку, Индија и Кина делат спорна граница од 3.800 километри, де факто, позната како Линија на вистинска контрола (LAC), која се поместува поради реките, езерата и снегот.

Двете земји водеа гранична војна во 1962 година, а линијата на вистинска контрола ги дели териториите од Ладах на запад до источната индиска држава Аруначал Прадеш.

Последната голема битка меѓу двете земји беше во јуни 2020 година, а во бруталниот инцидент беа убиени најмалку 20 индиски и четворица кинески војници.

Борбата во јуни 2020 година се одржа во долината Галван во регионот Ладах. Индиските воени претставници тврдеа дека кинеските војници ги тепале по глава членовите на нивните сили со метални палки завиткани во бодликава жица. Како што тврдеа тогаш, индиските војници биле „со голи раце“.

Од јуни 2020 година, граничниот спор меѓу Кина и Индија не резултираше со смртни случаи од 1975 година.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он