Пендаровски одржа предавање на Правниот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ денеска го посети Штип, каде одржа предавање на Правниот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“.

Претседателот Пендаровски пред студентите кои следат настава по предметите Политички систем и Теорија на држава и право говореше на тема „Практични аспекти на надлежностите и функционирањето на Претседателот на Република Северна Македонија“.

Претседателот Пендаровски ги запозна студентите со условите и начинот на избор, надлежности на институцијата, неговите права и должности пропишани со Уставот и законите.

Претседателот одговараше и на прашања од студентите за повеќе аспекти од неговата функција, законската регулатива, како и за актуелните состојби во државата и регионот.

Запрашан за состојбата во Косово, Претседателот рече дека во регионот последниве денови повторно се актуелни тензиите во северниот дел на Косово и дека во таа насока добива прашања дали размислува за свикување за Советот за безбедност. Претседателот им појасни на студентите дека таму постои мисија на НАТО каде што ние имаме 65 војници во последниве 2 години, заедно со уште 20-тина нации кои партиципираат и дека во разговор со командантот на таа мисија добил уверување дека нема да се случи ескалација од било која страна.

„Затоа, не гледам причина да се паничи народот и да го свикувам Советот за безбедност. Таму има мисија на НАТО која ги има сите овластувања и двете страни од тој потенцијален спор ја почитуваат мисијата на НАТО“, рече претседателот Пендаровски.

Во однос на дојавите за бомби, претседателот Пендаровски, изјави дека компјутерскиот криминал тешко се докажува и дека е потребно време, но дека од аспект на преземените оперативни мерки, децата во училиштата се безбедни, дека постои 24 часовен мониторинг врз училиштата и институциите и дека надлежните ги преземаат сите потребни активности.

„За судски завршници мислам дека ќе почекаме и ќе биде потешко, но во однос на конкретните мерки за заштита на нашето население јас сум сигурен дека во рамки на нашите надлежности и можности правиме сè што можеме“, изјави претседателот Пендаровски.

Претходно, претседателот Пендаровски одржа средба со ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски, кој стапи на функцијата оваа година. На средбата, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на универзитетот, како и плановите за активности во следниот период. Претседателот Пендаровски на ректорот Мираковски му посака успешно извршување на функцијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски