Брнабиќ: Укинувањето на безвизниот режим за Србија не е реално

Од:

Српската премиерка, Ана Брнабиќ изјави дека укинувањето на безвизниот режим за граѓаните на Србија за патување во ЕУ би било без преседан и според неа – таква можност реално не постои.

– Мислам дека нема таква можност во реалноста. Тоа би било без преседан. Тоа не би било во согласност со европските вредности или меѓународното право, така што не верувам дека сме блиску до тоа, изјави Брнабиќ.

Претставничкиот дом на холандскиот Парламент, како што пренесуваат белградските медиуми, на 8 декември усвоил резолуција со која ја повикува својата влада да се заложи во Брисел за привремено суспендирање на безвизниот режим за Србија, доколку Србија не ја почитува визната и надворешната политика на Европската унија, односно доколку не воведе санкции кон Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски