Косово во текот на оваа недела ќе поднесе барање за членство во Европската унија, најави денеска косовскиот премиер Албин Курти.
Пред една година најавивме дека ќе поднесеме апликација за членство, а на оваа средба најавуваме дека оваа недела апликацијата ќе ја доставиме до Европската унија“, рече Курти, пренесува Коссев.
Тој рече дека „дојде време официјално да се претвори статусот на потенцијален кандидат во кандидат за членство“.
„Европската унија е земја на мирот и нашата земја има природно место во овој дом“, рече Курти.