Кој е крипто-бегалецот кој се крие во Србија: Контроверзен Кореец ја оштети индустријата за 40 милијарди долари

Од:

Јужнокорејските власти посочија дека До Квон, претприемачот кој е одговорен за пропаѓањето на богатството од 40 милијарди долари поврзани со криптовалутите terraUSD и Luna, се крие во Србија.

Јужното окружно обвинителство во Сеул соопшти дека ќе соработува со Србија за да го приведе. Квон беше обвинет за измама и прекршување на пазарот на капитал откако токените се распаднаа во мај.

Во септември Интерпол по него распиша меѓународна потерница. Следниот месец, јужнокорејските обвинители рекоа дека тој патувал преку Дубаи во непозната земја откако го напуштил Сингапур, каде што се наоѓала неговата компанија.

Кој е До Квон?

До Квон е јужнокорејски крипто-претприемач најпознат по ко-основањето на Terraform Labs во јануари 2018 година и водењето на компанијата како нејзин извршен директор. Роден е во 1991 година, а дипломирал програмирање на Универзитетот Стенфорд во 2015 година, специјализиран за голем број програмски јазици.

Веднаш по завршувањето на факултетот работел во Apple и Microsoft, а веќе во 2016 година ја основал компанијата Anifi каде бил извршен директор и каде се занимавал со телекомуникациски технологии.

Тој влезе во светот на крипто во 2018 година со основањето на Terraform Labs и оттогаш учествуваше во неколку амбициозни проекти во индустријата како Anchor Protocol и Mirror Protocol.

Во 2019 година, магазинот Форбс го истакна како водечки млад лидер во категоријата финансии и ризичен капитал. Тој, исто така, имаше неколку многу успешни инвестиции во други крипто-проекти како што се Flint, Iron Fish, pStake и Ape Board.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови алармира МВР

Катерина Ѓуровски

Кражбата траела 12 секунди: Браќа обвинети за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари

Хакиран Мајкрософт, тврдат дека нападот потекнува од Русија

А1он

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Кралот на криптовалутите кој е уапсен во Подгорица ја негираше вината: Понуди 400.000 евра да се брани од слобода

Најбараниот криминалец во светот се криел на Дедиње, неговиот сосед бил висок функционер во српското МВР

Ана Ололовска