Кражбата траела 12 секунди: Браќа обвинети за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари

Од:

Браќата Антон и Џејмс Пераир-Буено, студенти на престижниот Технолошки институт во Масачусетс (МИТ), се обвинети во САД за кражба на криптовалути во вредност од 25 милиони долари за само 12 секунди, како и за перење на приходите од овој грабеж.

Американското Министерство за правда соопшти дека осомничените, студенти по математика и компјутерски науки, користеле високо специјализирани вештини за да влијаат на технологијата на блокчејн итриум за да ги потврдат трансакциите, јавува Би-Би-Си.

Според обвинението, тие со измама добиле пристап до нерешени приватни трансакции, а потоа ги менувале за да префрлат средства на нивните сметки.

Американското Министерство за правда соопшти дека грабежот е прв од ваков вид, а обвинителот Демиен Вилијамс рече дека начинот на кој браќата Пераир-Буено ја извршиле кражбата „го доведува во прашање самиот интегритет на блокчејнот“.

Кражбата наводно била извршена во април 2023 година за само неколку секунди со помош на најсовремена шема која браќата ја планирале со месеци.

Доколку бидат прогласени за виновни, Антон и Џејмс Пераир-Буено се соочуваат со повеќе од 20 години затвор.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси крадци, пронајдени се и украдените предмети

МВР: Уапсен е разбојник по извршување на кражба во Драчево

Во Ѓорче Петров е уапсено момче од Тетово кое три пати во еден ден ограбило иста продавница

Горан Наумовски

Двајца кумановци фатени на дело како крадат во свињарска фарма

ВИДЕО: Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови алармира МВР

Катерина Ѓуровски

ОЈО: Разбојник во супермаркет од жена украл златно ланче, за брзо време бил уапсен од полицијата