МТСП: Отворен Центарот за жени жртви на семејно насилство во Полошкиот регион

Од:

Министерството за труд и социјална политика извести дека официјално е воспоставена социјалната услуга – Центарот за жени жртви на семејно насилство во Полошкиот регион.

Како што информира МТСП, Центарот за жени жртви на семејно насилство е организациона единица на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар. Во пресрет на 16 дена активизам, Министерството како институција заедно со своите вработени е дел од бројните активности за подигање на свеста за насилството. Отворањето на центарот е уште еден голем чекор кон заштита на жените жртви на семејно насилство.

– Владата како потписник на Истанбулската конвенција и верен учесник во борбата против семејното насилство и насилството врз жените и девојчињата со отворање на Центарот за жени жртви на насилство ја обезбеди услугата за привремен престој. Преку оваа услуга Владата и Министерството за труд и социјална политика обезбедува сместување, заштита, психо-социјална помош и поддршка за жртвите кои доживеале насилство или злоупотреба, со цел надминување на состојбата, зајакнување на капацитетите и нивна социјална интеграција во општеството. Нужното сместување на жртвата во центарот може да трае три месеци со можност за продолжување од три месеци односно една година доколку се работи за исклучителен случај. За време на сместувањето на лицата им се нуди психо-социјална помош, поддршка и други активности, велат од МТСП.

„Доколку жртвата има и деца кои се сместени во центарот и кои се вклучени во воспитно-образовниот процес, стручните работници се должни да обезбедат продолжување на редовното образование на децата, економско јакнење на жртвата и нејзино активно вклучување на пазарот на трудот.

Со воспоставување на Центарот во Полошкиот период Министерството за труд и социјална политика обезбеди услуги за жените жртви на семејно насилство во регион во кој досега не беше достапна“, се додава во соопштението на МТСП.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска