Поранешен командант на американските сили во Европа: Украина ќе го ослободи Крим до август

Од:

Бен Хоџис, поранешен командант на американските сили во Европа, даде храбро предвидување за тоа како ќе се развива војната, сугерирајќи дека Украина е на пат да го ослободи полуостровот Крим од руската окупација до август 2023 година.

Скај њуз пишува дека „тешко е да се прецени важноста на еден ваков настан, под услов тој навистина да се случи“. Русија во 2014 година незаконски го анектираше украинскиот полуостров Крим, кој сега го користи за воздушни и други напади против Украина.

Губењето на територијата што ја контролираше дури и пред целосната инвазија на Украина, која започна во февруари оваа година, би било огромно понижување за Владимир Путин.

„Украинската војска ќе продолжи да ги удира руските штабови и линиите за снабдување и комуникација во наредните месеци за да го постави теренот за одлучувачката фаза на војната – ослободувањето на Крим. Очекувам да го ослободи Крим до август“, напиша Хоџис на Твитер.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување