Билансната картица на ЈСП од 01.01.2022 до 30.11.2022 година го покажува вистинскиот долг на ЈСП кон приватните превозници рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
– Според картичката, на ТД Слобода превоз, ЈСП должи 61.812.593 денари. На Макекспрес превоз ЈСП до 30 ноември должи 29.912.861 денари. Тоа се 1.005.083 евра за Слобода превоз, како и 486.388 евра за Макекспрес превоз. Вкупно долгот на ЈСП кон приватните превозници изнесува 99.725.454 денари или 1.491.471 евра. Од 12 мај со ЈСП управува директор од редовите на СДС, поставен од Данела Арсовска вели Стоилковски.
Тој вели дека резултат на „тајните средби“ на „Коалицијата Тачела“ е тоа што луѓето немаат леб на маса, а има за луксузи од провизии.
– Наместо да се санира долгот, СДС и Арсовска веројатно намерно не го покриваат долгот, за да може да се реализира планот за превозот во Скопје да го преземе договорена бугарска фирма, којашто можеби по банкротот на ЈСП би можела и сиот превоз во градот да се предаде на истата фирма. Во овие прашања лежат и одговорите. Зошто нема ниту барање од СДС за оставка на Арсовска за долгот од милион ипол евра кон приватниците, ниту за штетната набавка на нафта за ЈСП за цели 118 денари за еден литар гориво рече Стоилковски.