Седум модни правила на Викторија Бекам

Од:

Популарната Пош ги кажа своите модни правила, а вие одлучете се дали ќе ги следите…

1. Визуелизирајте комплетен стил
Наместо да копате по цела гардероба прашувајќи се што да облечете, замислете како би сакале да изгледате денес и одберете клучно парче од својот гардеробер. Се друго ќе се усогласи самото како коцкички, вели госпоѓа Бекам.

2. Позајмете од друга ера
Инспирирајте се од различни декади и модни стилови од минатото. – Го обожувам стилот на 50-тите. Облеката е така скроена вашата силуета да изгледа фантастично – вели Викторија.

3. Инвестирајте во безвременски парчиња облека
Ретко купувам нешто што очигледно е дел од сезонска колекција, објасни Пош. Таа препорачува наместо тоа, да избирате парчиња кои сигурно ќе можете да ги носите со години. – Пред пет години купив прекрасни Vivienne Westwood чизми и се уште ги сакам. Пред некој ден облеков Д&G фустан стар 11 години, кој се уште изгледа фантастично. Купувајте класика која никогаш не застарува.

4. Аксесоарите се задолжителни
Вистинска чанта, чевли или очила за сонце можат целосно да го трансформираат изгледот. Секако, веќе знаеме дека Викторија не излегува од дома без очила, а таа додава дека има над стотина, токму поради тоа.

5. Облекувајте се од внатре кон надвор
Да, треба да имате комплетен стил, а Викторија Бекам инсистира на тоа долната облека и брусхалтерот да се одберат внимателно исто како и облеката.

6. Бидете храбри и прилагодувајте
Не морате да бидете професионален дизајнер како неа, но слободно експериментирајте со облеката и прилагодувајте ја на себе. Затоа, скусувајте, додавајте, одземајте, пришивајте. Викторија вели дека на тој начин ќе постигнете впечатлив личен стил.

7. Држете се до класични нешта
Одлично е повремено да се излезе од сите рамки, но постојат модни правила кои треба да важат секогаш. Ако имате длабоко деколте, нозете сепак треба да ги покриете. Ако сакате да носите мини, горе одберете нешто што повеќе покрива.

– Немојте да покажувате се. Многу е посексипилно кога нешто ќе се остави на фантазијата.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски