(ВИДЕО) Во светот антивоени протести, во Хјустон контра-протест

Од:

Протести против евентуален американски напад на Сирија одржани се денеска во неколку градови во светот, додека во Хјустон беше одржан и контра-протест.


Во Хјустон, стотина луѓе се собраа на спротивните страни на една улица за да ги искажат спротивставените ставови – за и против можната американска воена акција во Сирија.


Противниците на нападот беа нешто побројни и носеа транспаренти со натписи „Не ја сакаме војната на Обама“ и „Рацете подалеку од Сирија“.

Демонстрации против војната се одржуваа и во Вашингтон, пред Белата куќа, додека претседателот Барак Обама изјавуваше дека се залага за воена интервенција во Сирија, но оти за тоа ќе го праша и Конгресот.


Во Лондон околу илјада лица протестираа, носејќи сириски знамиња. Тие ја поздравија одлуката на британскиот Парламент нивната земја да не учествува во нападот.


Околу 700 противници на војната учествуваа на демонстрациите во Франкфурт, соопшти германската полиција.


Протест против војната одржан е во Аман, каде демонстрантите се собраа пред американската амбасада, оценувајќи дека нападот врз Сирија ќе претставува „агресија на целиот арапски свет“.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас