На „Енфилд“ во Ливерпул попладнево се игра дербито на 3.коло на Премиер лигата. Тоа воедно е пресметка на двата тима кои имаат најмногу титули шампион во англискиот фудбал – Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Почетокот на натпреварот е во 14:30 часот.
Во истиот термин се игра и натпреварот Свонси – ВБА, додека во 17 часот е уште еден дебри дуел на два тима од Лондон, Арсенал го пречекува Тотенхем.
На другите дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Манчестер Сити – Хал 2:0, Кардиф – Евертон 0:0, Њукасл – Фулам 1:0, Норвич – Саутемптон 1:0, Вест Хем – Стоук 0:1, Кристал Палас – Сандерленд 3:1 и Челзи – Астон Вила 2:1.
Табела: Челзи 7 бодови, Ливерпул 6, Тотенхем 6, Манчестер Сити 6, Стоук 6,…