Москва: Гранатиран е Мелитопол, две лица загинаа

Од:

Најмалку две лица загинаа, а десет од нив се повредени во украински ракетен напад врз градот Мелитопол во областа Запорожје, соопштија проруските власти, пренесува Ројтерс.

Владимир Рогов, член на главниот совет на воено-цивилната администрација на регионот Запорожје, изјави дека е гранатирано одморалиште во тој град.

Шефот на воено-цивилната администрација на областа, Евгениј Балички, прецизираше дека одморалиштето било цел на ракетниот систем ХИМРАС.

Украинските власти потврдија дека во текот на ноќта извршиле напад врз Мелитопол на југоистокот на земјата, наведува британската агенција.

Би можело да ве интересира

Украински политичар тврди: Америка ја прекина испораката на оружје за Украина

Украинска воена разузнавачка служба: Војната ќе заврши во 2025 година!

А1он

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

ВИДЕО: Трамп тврди дека Зеленски го преспал состанокот со американскиот министер за финасии, фотографиите го демантираат

Катерина Ѓуровски

Детали од англо-францускиот план за Украина, ќе му биде презентиран на Трамп

ВИДЕО: Трамп застана на страната на еден од најбруталните диктатори во светот вели Берни Сандерс