Дерби натпреварот на 6. коло на Првата фудбалска лига ќе се одигра попладнево на стадионот „Железарница“. Непоразениот во новото првенство Металург го пречекува првакот Вардар.
Во изминатиот период двете екипи на меѓусебните натпревари имаат постигнато по пет победи, со седум нерешени натпревари. Почетокот на натпреварот е во 16:30 часот.
Покрај овој дуел во истиот термин играат: Хоризонт Турново – Еуромилк Брегалница – Македонија ЃП, Гостивар – Пелистер и Шкендија – Напредок.
На првиот натпревар одигран вчера Работнички – Ренова 0:0.
Табела: Хоризонт Турново 10 бодови, Брегалница 10, Ренова 9, Вардар 8, Пелистер 8, Металург 7, Работнички 7, Еуромилк 5, Напредок 5, Шкендија 4, Гостивар 4, Македонија ЃП 3.