Заложничка драма во трговски центар во Дрезден

Од:

Полицијата во Дрезден извести дека вооружен маж земал луѓе како заложници во трговски центар. Околу трговскиот центар Алтмаркт-галерија има голем број полицајци, а блокиран е и пристапот до просторот околу зградата.

Полицијата, исто така, објави дека блискиот Стризелмаркт е затворен и побара од локалните жители да се држат настрана од областа.

„Билд“ пренесува дека напаѓачот убил најмалку едно лице, но полицијата одбила да ја потврди смртта.

Утрово, по пукањето во Амонхоф, напаѓачот пукал во главниот влез на зградата на Радио Дрезден.

„За среќа, сите вработени се безбедни“, рече шефот на Радио Дрезден, Тино Утаси.

Полицијата моментално е во телефонски контакт со осомничениот кој се наоѓа во трговскиот центар Алтмаркт-галерија. Полициски специјалци се на терен.

Полицијата ги повика луѓето да го избегнуваат централното градско подрачје.

Службите за итни случаи пронашле мртва 62-годишна жена во станбена зграда во областа Прохлис во Дрезден. Како што јави Радио Дрезден, осомничен е нејзиниот 40-годишен син, кого полицијата го поврза со заложничката криза.

Би можело да ве интересира

Хамас: Нема да има договор за заложниците додека не заврши војната во Појасот Газа

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Кац: Враќањето на заложниците е најважната цел на израелската операција во Појасот Газа

Стармер направи гаф повикувајќи на прекин на огнот на Блискиот Исток

Горан Наумовски

Хамас го обвинува Израел за смртта на израелските заложници