Во Подгорица е уапсен црногорскиот специјален обвинител

Од:

По наредба на Специјалното државно обвинителство вчера во Подгорица е уапсен црногорскиот специјален обвинител Саша Чаѓеновиќ под сомнение дека од 2020 до 2022 година создал криминална организација и ја злоупотребил службената положба. Чаѓеновиќ беше „десна рака“ на главниот државен обвинител Миливој Катниќ.

– Специјалниот обвинител Саша Чаѓеновиќ кон средината на 2020 година стана член на кавачкиот клан – се наведува во соопштението на Специјалното државно обвинителство (СДТ).

По рочиштето, на кое тој негираше вина, но одби да одговори на прашањата на обвинителот, на Чаѓеновиќ му е одреден притвор до 72 часа.

– Специјалниот обвинител С.Ч. е сослушан во Специјалното државно обвинителство како осомничен, за сторено кривично дело создавање злосторничка организација и четири кривични дела злоупотреба на службената положба. Осомничениот се товари дека во периодот од средината на 2020 година до оваа година станал член на криминалната организација „Кавачки клан“, со улога и задачи да не презема кривично гонење како специјален обвинител во ова обвинителство, а според инструкциите и наредбите на организаторите и не покренувањето кривична постапка против организаторите и членовите на криминална организација, оневозможил откривање на сторители на најтешките кривични делла – се наведува во соопштението на СДТ, кое го известија од Црногорските медиуми.

Би можело да ве интересира

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ