Односите меѓу Москва и Вашингтон остануваат „во жалосна состојба“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Руската државна новинска агенција ТАСС ја цитираше неговата изјава дека размената на затвореници на Виктор Бут за Бритни Грајнер не треба да се гледа како чекор кон подобрување на билатералните односи меѓу САД и Русија.
– Разговорите беа исклучиво за размената.Веројатно е погрешно да се носат било какви хипотетски заклучоци дека ова би можело да биде чекор во надминување на кризата во билатералните односи“ – вели Песков.