Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се најодговорни за хаосот во Скопје, прекин на блокадите веднаш

Од:

Повлекувањето на Ленин Јовановски е само порѕирна игра на Христијан Мицкоски и негов обид да се испере од одговорност за блокадите што ги прави. Заради лични и бизнис интереси на Мицкоски и неговите соработници, Скопје со денови е блокиран град, граѓаните се без јавен превоз и имаат проблем при нормалното функционирање рече на прес конференција портпаролкатан а СДСМ Богданка Кузеска.

– Сета одговорност за хаосот што му се случува на Скопје е кај Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Сите одговорни за блокадата во градот се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. Од градоначалничката која беше поддржувана и промовирана од Мицкоски па се до претседателот и мнозинството во советот, директорите и членовите на управните одбори. ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години ја држеше Македонија во заложништво. Затоа, во Белиот дворец наместо да играат игри, наместо да измислуваат конструкции и да ја избегнуваат одговорноста, треба да седнат и да најдат решение за проблемот што токму тие го создадоа вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје

A1on

По 17 јуни ќе има реконструкција на Владата, најави Мицкоски

A1on

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он