Стоилковски: Извор на хаосот во Скопје е коалицијата Тачела, одземање на ингеренциите и оставка на Арсовска е единствен спас за Скопје

Од:

Скопјани и Скопје, македонскиот политички, економски и здравствен центар, не смеат да бидат жртва на лукративност, криминогеност и тајни средби на коалицијата Тачела, Ковачевски и Данела Арсовска рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Бараме неотповиклива оставка на Данела Арсовска од градоначалничката функција во Град Скопје, а владата да ја напушти коалицијата Тачела, да ги одземе ингеренциите за јавниот градски превоз во Скопје и подмирување на долгот кон приватните превозници. Смачена им е на скопјани. Данела Арсовска покажа целосна неспособност да управува со Скопје, покажа целосен недостаток на слух за проблемите, и со својата лукративност предизвика хаос во Скопје. Тајните средби со Ковачевски и креирањето на монструозноста Тачела, предизвика целосен колапс на македонската метропола вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски вели дека ничии интереси и провизии не смеат да остават цели семејства на возачите на автобуси без леб на маса, Скопје без нормален сообраќај, а жителите со ограничено движење.

– Нема одговор за набавката на бугарските автобуси кои според нашите сознанија го турка коалицијата Тачела. Бараме владата да и ги одземе ингеренциите на Данела Арсовска за јавниот превоз, но и да го реши проблемот со исплатата на долгот од еден и пол милион евра, да ги обештети приватните превозници коишто протестираат и тие да се вратат на дејноста. Со одземањето на ингеренциите, бараме да се провери и можната улога на Драги Митковски во управувањето со ЈСП, како и ревизија на договорот за набавка на гориво за ЈСП со невообичаени високи цени, склучен со фирма на пратеник од владејачкото мнозинство рече Столковски.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена