СДСМ: Изживување врз граѓаните заради бизнис интересите на Мицкоски, хаос во Скопје

Од:

Хаосот во Скопје и блокадата што му се случува на градот е во политичка и логистичка режија на Христијан Мицкоски. Граѓаните со денови не можат непречено да се движат нис Скопје, не можат навреме да дојдат на работа, на факултет, на училиште, на лекар велат од СДСМ.

– Изживувањето врз граѓаните е заради бизнис интереси и кавги за тендери. Поради лични и бизнис интереси Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ му приредуваат катастрофа на Град Скопје, а граѓаните се оставени без јавен превоз и со блокирани сообраќајници. ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години Македонија што беше заглавена. Сите одговорни за блокадата во градот се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката, претседателот и мнозинството во советот, директорите и членовите на управните одбори. Тие со Мицкоски на чело се одговорни за хаосот во Скопје. Наместо да измислуваат конструкции и да ја избегнуваат одговорноста, треба да седнат и да најдат решение за проблемот што го создадоа се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите