Патнички авион на лет од Мароко за Турција рано утринава принудно слета на аеродромот Ел Прат во Барселона, по што група од 28 потенцијални мигранти кои биле во него побегнаа преку пистата, соопшти шпанската влада.
Полицијата приведе 14 лица, вклучително и една бремена жена за која властите велат дека се преправала дека има породилни болки поради што авионот принудно слетал.
По уште 14 лица сè уште се трага. Петмина од приведените веднаш биле вратени во авионот на турската авиокомпанија Пегасус, а осум ќе бидат депортирани во Мароко. Бремената жена била примена во болница и било утврдено дека не и било време за пораѓање, соопштија локалните власти. Авионот превезувал вкупно 228 патници од Казабланка до Истанбул.
Во октомври минатата година група патници избегаа од авион на пистата на шпанскиот остров Мајорка по принудното слетување под лажни изговори, а 12 од нив беа уапсени, додека 12 избегаа.
Извор: МИА