Кирил Лазаров: Македонија и Бугарија имаат сериозен проблем, а тоа е корупцијата и само таа не смее да не обединува

Од:

Најголемиот проблем за бизнисот освен дневна политика е корупцијата истакна претседателот на Македонско-Бугарската Стопанска комора на денешниот Бизнис форум во организација на Македонија и Бугарија.

Кирил Лазаров беше и модератор на првиот панел дискусија во која земаа збор, Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија, Г-дин Пламен Павлов, претседател на Бугарско-македонската стопанска комора, Г-дин Дрилон Исени, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Хајрула Мисими, директор на Агенцијата за претприемништво на Северна Македонија и д-р Бојко Таков, извршен директор на бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија

Дел од говорот на Кирил Лазаров, долгодишен стопанственик и сопственик на Никоб Групацијата

„Дали имаме сила и знаење ние бизнисмените од двете држави да ја согледаме реалноста и да ја прифатиме новата економско-енергетски светски поредок? Дали можеме од едно да направиме две, дали од еден пазар да направиме два, дали сакаме од еден профит да направиме два. Наша задача е да умножуваме, а не да делиме. Изминатиов период и годините што изминаа беа исполнети со големи проблеми заради тоа што поминувавме од криза во криза, почнувајќи од кризата со Короната, па имавме криза со економијата и енергијата, а денеска живееме и со криза која настанува како рефлексија на она што се случува со големата војна во Европа.
Пазарите на кои ние како држави сме премногу зависни од енергија, од нови пазари, несвојствени миграции од исток кон запад се исклучително тешки предизвици и за најголемите економии. Запрени се традиционалните извори на енергија, прекинати се ланците за снабдување, намалена е побарувачката, а на светот во периодот што следува во најава е и голема криза со храната.

Сето ова упатува и на взаемна и итна соработка. Паметно инвестирање преку рационализирање, интелигентно и бескомпромисно штедење, но и прецизно насочување на капиталот и инвестициите ќе бидат потезите кои ќе бидат пресудни и тука и насекаде. Видовме дека имаме потенцијал да создадеме и креираме трговска размена од една милијарда и во светло на тоа и тука и во светот се теми како регионалната соработка, цели за одржливост, регионални предизвици и можности, трансформација во дигитални економии, олеснување на условите за водење бизнис како и справување со енергетска криза и пристапот на земјите од регионот кон кризата или поточно од денешна преспектива пристапот на двете земји кон кризата и креирање на нови можности.

Имаме огромно поле за соработка, дали тоа би било во туризмот, културата, образованието, во енергијата и ИТ индустријата е прашање на приоритети. Потребно е забрзано да работиме во целосно заокружување на Коридорот 8, гасните поврзувања, новите гранични премини, новите експресни патишта и железничките поврзувања. Тврдам дека тогаш ќе имаме конкурентни економии и силен економски раст кој ќе биде блокатор младите да се престанат да иселуваат од двете држави – рече Лазаров.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Лазаров: Сега знам кого треба во иднина да повикувам во репрезентацијата

Лазаров: Најостро ги осудувам сите форми на насилство, рекет и криминални активности

А1он

Пласман на Светско првенство за историско збогум на легендарниот капитен

Катерина Ѓуровски

Кирил Лазаров е повреден и нема да игра на цело ЕП

А1он

Кирил Лазаров ја промовираше автобиографијата „Секогаш на победа“

Ана Ололовска

Лазаров ќе гради тренерска кариера: Наскоро добива мастер лиценца

Катерина Ѓуровски