Политико: Нов раскол во Европа, Орбан доби два сојузника, два моќни блокови се пред конфликт

Од:

Иако Унгарија не се откажува од своето вето за пакетот помош за Украина, Германија и Франција поради тоа влегуваат во конфликт со остатокот од ЕУ.

Министрите за финансии во вторник требаше да разговараат за предлогот за замрзнување на средствата на Унгарија од кохезионите фондови, како дел од механизмот за условување што може да ги запре плаќањата од буџетот на ЕУ за земјите-членки кои не го почитуваат владеењето на правото.

Сепак, многу работи се случуваат зад сцената. Како што откри добро информираниот „Политико“, најголемите земји во ЕУ и пружаат рака на помош на унгарската влада во нејзиниот спор со Брисел за прекршување на владеењето на правото.

Франција и Германија, заедно со Италија, ја предводат групата од околу 12 влади кои ја повикуваат Европската комисија да ја преиспита својата одлука за замрзнување на 7,5 милијарди евра за Будимпешта, тврдејќи дека земјата постигнала поголем напредок во антикорупциските мерки отколку што признава Брисел.

-Унгарските власти постигнаа напредок, треба да се забележи. Преземени се бројни реформи, иако се уште се очекуваат дополнителни елементи, изјави за Политико анонимен француски функционер. Европската комисија не се согласува со ова.

– Имаме обврски, имаме ветувања, но тоа се уште не е сторено – изјави тогаш еврокомесарот за буџет Јоханес Хан, но на минатонеделната средба на амбасадорите на ЕУ, Франција и Германија не се согласија со Комисијата.

Би можело да ве интересира

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија

Орбан: Опасноста од ескалација и ширење на војна никогаш не била поголема

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус