Стоилковски: Дали се пристигнати автобусите за договорениот превозник од Бугарија на кој Арсовска и Ковачевски сакаат да го дадат приватниот транспорт во Скопје?

Од:

Ниту по 48 часа нема одговор од градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска на поставените прашања. Ниту пак има одговор на хаосот. А, хаосот е наменски, затоа Арсовска не одговара. Дали во Македонија веќе се пристигнати автобусите од фирма блиску до Софија, за да го земат местото како единствен приватен превоз во Скопје, како резултат на инсистирање на Ковачевски на тајната средба со Арсовска праша на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Дали хаосот во Скопје е предизвикан за тргање на досегашните приватни превозници за договор од тајната средба превозот во Скопје да го преземе фирма приватна од Бугарија, блиску до Софија за која инсистира владата на Ковачевски? Дали сметководителот од Ѓорче Петров од заднина управува со ЈСП за провизии, но и дали нема попуст од милионскиот договор за нафта за ЈСП со фирма на пратеник од власта, затоа што има провизии договорени да завршат во приватни џебови, наместо да се плати долгот? Дали зад сите матни зделки на Град Скопје стои Драги Митковски познат како Драги Книга, а заедно со него во договарањето на провизиите дали е и близок роднина на Данела Арсовска рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат препукувањата:Таравари е уценет од ДУИ обвини ВМРО, влада во неволја очекувано е да клевети одговри тој

Катерина Ѓуровски

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината