„Ова е самоволие, и јас едвај излегов од Скопје“, Пенов најави мерки за блокадите

Од:

Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, одби да каже кои се мерките кои државата ќе ги преземе за да ги тргне блокадите од скопските улици. Тој посочува дека ситуацијата се следи и за истата додаде дека е непријатна. Се пожали дека и тој додека патувал кон Струмица, едвај го напуштил главниот град.

„Ја следиме таа ситуација. Непријатна е. Преголема штета трпат граѓаните поради некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние доаѓајќи накај Струмица, едвај излеговме од Скопје. Непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат. Штетата ја плаќаат граѓаните. Секој по половина час вози повеќе, се вози повеќе, се троши гориво, се губат бизниси и работни часови, што е огромна штета за граѓаните.“, кажа Пенов.

Во главниот град втор ден по ред се блокирани раскрсниците. Приватните превозници најавија дека нема да ги тргнат автобусите од улиците се додека не им се платат средствата кои Град Скопје им ги должи.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Пенов: Наши приоритети за следниот мандат се активности за почисто и позелено Скопје

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС