Втор ден блокади во Скопје

Од:

Во Скопје и денеска блокада од приватните превозници кои во текот на ноќта останаа на крстосницата кај Мавровка, Црвен Крст и на Илинденска на потегот од фонтана до спортски центар Борис Трајковски.

Како што најавија приватните превозници, блокадите ќе останат на постојните места сè додека не се најде решение согласно законот и одлуката на Град Скопје.

„Блокадата останува се до исполнување на нашите барања, нема отстапки, автобусите нема да ги поместиме од места каде што се веќе паркирани“, рече вчера Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ за „А1он“.

Градоначалничката Данела Арсовска минатата недела веќе изјави дека нема намера да разговара со претставници на приватните превозници оти „не се разговара со некој што ве навредува“.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски