Градот Стразбур ќе ја суди државата поради нејзиниот „неуспех“ да ги згрижи луѓето кои се на улица, особено мигрантите, објави градоначалничката на Стразбур Жан Барсегијан, поканувајќи ги сите „здруженија“ кои сакаат да се приклучат на оваа тужба, јави дописникот на МИА.
Градоначалничката на Стразбур екологист особено ја критикува државата дека не наоѓа решение за прием на мигранти.
„Нашите општински ресурси не се доволни да одговорат на оваа голема неволја и оваа хуманитарна криза. Згрижувањето е работа на државата, затоа решив градот Стразбур да поднесе тужба за отштета против државата поради тој неуспех“, рече таа на прес-конференција.
Таа додаде дека тужбата ќе биде поднесена „што е можно поскоро“.
„ Франција доживува хуманитарна криза без преседан со, во сите поголеми француски градови, стотици луѓе, вклучително и многу ранливи, болни луѓе, деца, кои се на улица на студ, без права, без пристап до грижа, во беда…Ве потсетувам дека едно од првите ветувања на Емануел Макрон во 2017 година беше дека на крајот (истата година) нема да остане никој на улица. Доволно е да се каже дека пет и пол години подоцна, очигледно, ова ветување апсолутно не се одржа“, рече Жан Барсегијан.
Градоначалникот на главниот град на Алзас зборуваше како камп за мигранти, лоциран во центарот на градот и кој броеше до 200 луѓе, многумина од Грузија, Албанија и Македонија, кој требаше да се евакуира, по одлуката во петокот на Управниот суд од Стразбур кој и нареди на општината да го евакуира, на барање на префектурата на Долна Рајна.
Извор: МИА