Вучиќ-Лајчак: Неопходно е да се спроведе договорот за Заедницата на српски општини

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се сретна со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, при што ја истакна неопходноста од спроведување на договорот за Заедницата на српски општини и почитување на правата и волјата на српскиот народ, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ, заедно со фотографиите на Инстаграм, изјави дека со Лајчак разговарал за последните настани на Косово и проблемите со кои се соочуваат Србите поради „едностраните и нелегитимни потези на Приштина“.

-Ја истакнав неопходноста од спроведување на договорот за Заедницата на српските општини и почитување на правата и волјата на нашиот народ. Србија е решена да продолжи со конструктивниот дијалог, со цел одржување на мирот и стабилноста и постигнување подобри услови за животот на сите граѓани, рече Вучиќ.

Мирослав Лајчак денеска ќе разговара и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Тој утре во Приштина ќе се сретне со премиерот Албин Курти, потврди за РТС извор од ЕУ.

По назначувањето на Ненад Рашиќ за министер во косовската Влада, на Косово настанаа нови тензии. Претседателот Вучиќ го оцени назначувањето на Рашиќ како „срамно“ и дека тоа е „најблагиот збор што може да се употреби“.

Состојбата на Косово беше тема и на разговорот на претседателот Вучиќ со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји во петокот.

Како што најави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, Вучиќ по средбата со Лајчак ќе одлучи дали ќе учествува на самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тирана, кој ќе се одржи утре.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ положи цвеќе во „Рибникар“: „Оваа трагедија остави неизбришлива лузна на душата на цела земја“

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Притисокот врз малите земји е се поголем и позабележителен, ќе ја продолжиме борбата

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница