Kремљ: Ограничувањето на цената на руската нафта нема да влијае на офанзивата на Москва во Украина

Од:

Ограничувањето на цената на руската нафта кое го одредија западните земји нема да има влијание на офанзивата на Москва во Украина, соопшти денеска Кремљ и предупреди на „дестабилизација“ на светскиот енергетски пазар.

Руската економија „ги има сите потребни капацитети“ за финансирање на воената офанзива, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Европската унија, Г7 (Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД) и Австралија ја ограничија цената на руската нафта на 60 долари по барел.

– Таквите мерки нема да имаат никакво влијание, рече Песков.

Цената на сировата нафта изутрината се зголеми за околу 0,6 отсто, на повеќе од 86 долари по барел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски