Вестервеле: Израел треба да покаже воздржаност по атентатот во Бургас

Од:

По атентатот во Бугарија, во кој загинаа најмалку осум израелски туристи, Тел Авив треба да покаже воздржаност и да не дава пребрзи обвинувања, изјави денеска за Првиот канал на германската телевизија А Ер Де министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле, пренесоа агенциите.

„Сега треба да се дејствува одговорно“, подвлече тој.

Според германскиот шеф на дипломатијата, Берлин во моментов не располага со податоци за терорист самоубиец, кој ја активирал бомбата на аеродромот Сарафово, крај Бургас.

„Затоа препорачуваме да се покаже воздржаност“, посочи Вестервеле.

Претседателот на надворешнополитичката комисија во Бундестагот Рупрехт Поленц, исто така, го повика Израел „да пројави разумност и претпазливост“.

„Задкулисните поттикнувачи кои го дале сигналот за извршување на злосторството, засега не се знаат“, забележа тој во интервју за радио „Дојчландфунк“.

Поленц притоа ја имаше предвид изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој за атентатот го обвини Иран и вети „решителна реакција за ова злосторство“.

Би можело да ве интересира

Пет израелски војници загинаа во борби со Хезболах во јужен Либан

Горан Наумовски

Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Командантот на Иранската револуционерна гарда испрати застрашувачка порака до Израел

Харис: Убиството на Синвар нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа

Прво обраќање на Нетанјаху по смртта на лидерот на Хамас

Горан Наумовски

Најмалку 37 лица загинаа во израелските напади во Газа