Највисокиот вулкан во Индонезија на нејзиниот најгусто населен остров еруптираше утрово, исфрлајќи пепел 1,5 километри во воздух што иницираше евакуација на жителите од областа на ерупцијата.
Лава течеше по падините на Семеру, движејќи секон блиската река, додека неколку села беа прекриени со пепел, нема информации за жртви.
On the island of #Java in #Indonesia, the volcano #Semeru has erupted. Authorities issued a warning about the danger of the maximum level. pic.twitter.com/DBRgl5Ixmd
— NEXTA (@nexta_tv) December 4, 2022
Неколку стотици луѓе беа евакуирани во привремени засолништа или други безбедни области, според Јоко Самбанг, кој ја предводи агенцијата за управување со катастрофи во Лумајанг, провинцијата Источна Јава.
На луѓето им беше препорачано да останат на 5 километри од отворот на вулканот и да ја избегнуваат областа на југоисточниот сектор по должината на реката Бесук Кобокан која се наоѓа на околу 13 километри (8 милји) од кратерот.