(ВИДЕО) Данела Арсовска поставува кадри на СДСМ, во коалиција е со Ковачевски тврди ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Данела Арсовска и СДС се во коалиција, Ковачевски потврди имале и средби, плод на коалицијата е директорот на ЈСП кадар на СДС. Димитар Ковачевски јавно призна дека имал средби со Данела Арсовска. А тоа се гледа и по кадровските политики на градоначалничката на Скопје, која за свои први соработници назначува луѓе од СДС рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Имено Александар Стојковски, директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска е кадар на СДС. Ова е фотографија од која се гледа Стојковски на партиските состаноци во централниот штаб на СДС. Заедничкиот интерес на таквата коалиција се тендерите и договорите во 4 очи. Зошто ЈСП троши повеќе нафта од тоа што трошеше со повеќе автобуси од пред 8 години? Зошто фирмата на владиниот пратеник е победничката на милионскиот тендер за набавка на нафта за ЈСП? Одговорите ги крие коалицијата Арсовска – Ковачевски, кои што се одговорни за хаосот вели стоилковски.

Уште рече дека одека делеле тендери, Арсовска и Ковачевски ги ставиле приватните превозници на милост и немилост, а скопјани со нарушен јавен превоз.

– Скопје е блокирано, а скопјани заглавени во сообраќаен хаос, и тоа е вина само на СДС и на Данела Арсовска. Очигледно е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја повлече својата поддршка за Арсовска. Никогаш нема да поддржиме некој кој тргнува во коалиција со криминалци за правење на матни зделки потенцираше порптаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Веќе нема да требаат сертификати за странски јазик за директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски