СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното оданочување

Од:

„Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е праведноста. Реформата на даночниот систем не предвидува нови даноци, не предвидува зголемување на даноците, односно данокот на личен доход останува 10 отсто и не се зголемува, данокот на додадена вредност останува 18 % и не се зголемува и каматите на депозите на штедните влогови нема да се оданочуваат“, соопшти СДСМ.

„Новина е дека од 1 јануари 2023 година нема да се применува прогресивното оданочување, односно се укинува концептот на прогресивно оданочување и ќе продолжи да се применува оданочувањето со единствена стапка од 10 отсто.

Една од мерките што ќе продолжи да се применува на барање на бизнис заедницата, е ослободувањето на реинвестираната добивка.

Во Законот за ДДВ останува основната стапка од 18 проценти која е најниска во регионот, и двете повластени од 5 проценти и 10 проценти, кои, исто така, се најниски. Она што ќе се ревидира е листата на производи кои се луксузни и кои ќе се оданочуваат со втората повластена стапка.

Во однос на хонорарците низ дебата се дефинираа насоките за создавање модел на кој ќе се работи во наредниот период и ќе овозможи на доброволна основа да плаќаат придонеси, со што им се обезбедува здравствено и пензиско осигурување.

Со концептот се останува на определбата за поддршка на спортот и лицата со посебни потреби. Односно со концептот се воведува нов начин на донации за спортот, а вработените лица со посебни потреби и понатаму остануваат ослободени од данок на личен доход.

Приоритет на даночната реформа е поголема праведност во оданочувањето, односно секој да ја исполнува својата општествена обврска и да го плати својот праведен удел од данокот.

Даночната реформа воведува даночен систем кој ќе биде предвидлив, транспрентен, едноставен и стабилен и ќе создаде здрава основа на сите политики во државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он