Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 отсто во октомври, покажуваат бројките што денеска ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ.
Невработеноста е намалена и во однос на септември кога изнесуваше 6,6 отсто и во однос на октомври минатата година кога изнесуваше 7,3 отсто.
Невработеноста во еврозоната никогаш не била помала откако е формирана актуелната валутна заедница составена од 19 држави-членки.
Последните податоци значат дека 10,87 милиони луѓе во еврозоната биле без работа во октомври или 1,05 милиони помалку од пред една година.
Невработеноста кај младите изнесува 15 отсто.
Во рамки на зоната Шпанија има највисока стапка на невработеност од 12,5 проценти, а најниска невработеност има Германија со три проценти од работоспособното население.
Извор: МИА